Британија е подготвена за излегување од ЕУ и без договор

Велика Британија е подготвена да ги напушти преговорите со Европската унија за излегувањето од неа дури и без постигнување на договор, рекол британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, пренесуваат светските агенции.

 

Повеќе: Британија е подготвена за излегување од ЕУ и без договор

Трамп: Иран веднаш да престане да поддржува терористи

Иран мора да престане да поддржува “терористи и милиции“ и никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Израел. Тој нагласи дека постои ретка можност за воспоставување на мир во Блискиот исток.

Повеќе: Трамп: Иран веднаш да престане да поддржува терористи

Грабар Китаровиќ: Постојано одржување на избори не е добро за земјата

Се надевам дека по вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат за две недели, нема да се покрене прашањето за одржување на предвремени парламентарни избори во Хрватска, изјави хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ. Таа нагласи дека не би сакала да шпекулира околу милењата на некои експерти за тоа дали вчерашниот прв круг од локалните избори бил само тест за предвремени избори за членови на Хрватскиот сабор.

Повеќе: Грабар Китаровиќ: Постојано одржување на избори не е добро за земјата

Ел Сиси, Салман и Трамп – “магионичари околу магична топка“

Американскиот претседател Доналд Трамп, Саудијскиот крал Салман и египетскиот претседател Абдел Фатах ал – Сиси ги ставија рацете врз светлечка топка. Во текот на посетата на претседателот Трамп на Саудијска Арабија, снимена е необична глетка која предизвика бројни реакции на социјалните мрежа, тоа е моментот кога Трамп заедно со египетскиот и Саудијскиот колега ги стави рацете на светлечката топка.

Повеќе: Ел Сиси, Салман и Трамп – “магионичари околу магична топка“

Вонредна седница на ОН за Северна Кореја

Советот за безбедност на ОН утре планира да одржи вонредна седница, како одговор на најновиот тест на балистички проектил на Северна Кореја.Според информациите, состанокот бил побаран од САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Повеќе: Вонредна седница на ОН за Северна Кореја

Уапсен 141 маж на геј забава во Индонезија

Индонезиската полиција уапси 141 маж поради учество на “геј забава“ во сауна која се случила во главниот град Џакарта. Меѓу учесниците се мажи од Велика Британија и Сингапур, кои платиле 14 американски долари за учество.

Повеќе: Уапсен 141 маж на геј забава во Индонезија

Вучиќ: Нити НАТО, нити Русија – сакаме неутралност

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека Србија со влегувањето во НАТО би решила голем дел од своите проблеми, но дека тоа сепак би било против волјата на 75 отсто од народот, пренесуваат регионалните медиуми.

 

Повеќе: Вучиќ: Нити НАТО, нити Русија – сакаме неутралност

Јужно африканска провинција прогласи суша

Провинцијата Западен Кејп во Јужна Африка прогласи суша откако се соочи со најголемиот недостаток на вода во последните 113 години. Провинцискиот лидер Хелен Зиле изјави дека вода ќе биде извадена со помош на дупчење дупки во земјата, за потребите на болниците во Кејп Таун.

Повеќе: Јужно африканска провинција прогласи суша

Што се случува во бракот на Доналд и Меланија? Најновиот потег на Првата дама ги потврдува нагаѓањата! (ВИДЕО)

Американските медиуми интензивно веќе некое време нагаѓаат дека во бракот на Меланија и Доналд Трамп има многу проблеми, а до тој заклучок доаѓаат набљудувајќи ја секоја нивна ретка средба пред ТВ камерите.

Повеќе: Што се случува во бракот на Доналд и Меланија? Најновиот потег на Првата дама ги потврдува...

ВО ТЕАТРАЛЕН СТИЛ: Полицијата парадира со пучистите додека насобраната маса бара смртна казна!

Турција денес го започна судењето против стотици осомничени за обидот за воен удар во театрален стил кој потсетува на најлошо монтираните процеси на бившиот Советски Сојуз - или на денешна Северна Кореја.

Повеќе: ВО ТЕАТРАЛЕН СТИЛ: Полицијата парадира со пучистите додека насобраната маса бара смртна казна!

Страница 2 од 404