Меѓународна потерница по напаѓачот од Швајцарија

Швајцарската полиција издаде меѓународна потерница по напаѓачот кој вчера со моторна пила нападна и повреди пет лица од кои тројца потешко. 24 часа по нападот, осомничениот, 50-годишниот Франц Вросис, е сè уште е во бегство. Полицијата цела ноќ со кучиња трагаа по напаѓачот во регионот до германската граница. Но, според информациите од властите во германската држава Баден-Вуртенберг, сè уште нема докази дека тој ја напуштил Швајцарија.

Повеќе: Меѓународна потерница по напаѓачот од Швајцарија

Ердоган ги повика Катар и арапските земји да ја завршат кризата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Катар и четирите арапски земји кои вршат притисок врз малата заливска држава да започнат преговори за завршување на кризата.

Повеќе: Ердоган ги повика Катар и арапските земји да ја завршат кризата

Путин, Меркел, Макрон и Порошенко за мировниот план за Украина

Претседателите на Русија, Германија, Франција и Украина – Владимир путин, Емануел Макрон и Петро Порошенко денеска телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и ветиле дека ќе продолжат со спроведување на мировниот план за источна Украина.

Повеќе: Путин, Меркел, Макрон и Порошенко за мировниот план за Украина

Во невремето во БиХ пцовисаа 1.500 птици

Во невремето што синоќа ја зафати областа Чапљинa настрадаа 1.500 птици, од кои повеќето сколовранци и шпански врапчиња, соопшти орнитолошкото друштво „Наши птици“.

Повеќе: Во невремето во БиХ пцовисаа 1.500 птици

Лавров: Американските политичари имаат склоност кон хистерија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е изненаден што гледа колку американските политичари се склони кон масовна хистерија.

Повеќе: Лавров: Американските политичари имаат склоност кон хистерија

Напаѓач викал „Алах акбар“ и нападнал полицаец

Извикувајќи „Алах акбар“ и мавтајќи со нож, неидентификуван напаѓач денеска нападнал и ранил полицаец на границата меѓу Мароко и шпанската територија Мелиља, соопшти полицијата. Детели за нападот засега не се познати, но шпанскиот министер за внатрешни работи објави дека е уапсен маж, пренесе агенцијата АФП.

Повеќе: Напаѓач викал „Алах акбар“ и нападнал полицаец

Илир Мета и официјално претседател на Албанија

Со полагање на заклетва пред пратениците на Собранието на Албанијам Илир Мета и официјално ја презеде функцијата претседател на Албанија. Мета, инаку досегашен претседател на Собранието, истакна дека ќе работи во согласност со Уставот на Албанија, пред се за реализирање на реформите во правниот систем и целосното интегрирање на земјата во ЕУ. Тој истакна дека ќе се ангажира и за заштита на интересите на земјата, нацијата и на албанските државјани.

Повеќе: Илир Мета и официјално претседател на Албанија

Албанскиот премиер нема да стави фотографија од Илир Мета во својот кабинет

Албанскиот премиер Еди Рама во својот кабинет нема да ја стави сликата на новиот албански претседател Илир Мета.

Повеќе: Албанскиот премиер нема да стави фотографија од Илир Мета во својот кабинет

Украина е подготвена да му суди на Кустурица

Украина е подготвена да му суди на српскиот режисер Емир Кустурица поради неговите повици за сепаратизам за што му се заканува петгодишна забрана за влез во земјата.

Повеќе: Украина е подготвена да му суди на Кустурица

Страница 4 од 347

JT Fixed Display