Германија ќе казнува родители кои не се советуваат за вакцинација на своите деца

Родителите во Германија, кои не успеале да побараат медицински совет за вакцинација на нивните деца, можат да се соочат со парични казни над 2500 евра. Министерот за здравство, Херман Грохе предупреди дека е неопходно затегнување на законот, поради епидемија на мали сипаници. Изминатава недела, во градот Есен, од сипаници починала мајка на три деца.

Повеќе: Германија ќе казнува родители кои не се советуваат за вакцинација на своите деца

(ВИДЕО) Ф-22 може да победи 10 руски воени авиони Су-35

САД го поседуваат најсовршениот воен авион. Станува збор за Ф-22, кој, како што тврдат западни аналитичари, е способен да уништи десетици руски борбени авиони.

Повеќе: (ВИДЕО) Ф-22 може да победи 10 руски воени авиони Су-35

Советникот на Трамп: „Доналд дојде да учи и да биде попаметен“

Европските лидери, вклучувајќи го и папата Франциско, ги искористија средбите со Трамп оваа недела за последен обид да го убедат да остане при климатскиот договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, што во 2015 година го потпишаа речиси 200 земји.Како претседателски кандидат Трамп вети повлекување од договорот што беше склучен за време на администрацијата на Обама, но првите месеци на функцијата, покажаа дека Трамп може да ги промени ставовите доколку на него влијаат другите светски лидери.Ставовите на Доналд Трамп за климатските промени „еволуираа“, после разговорите со европските лидери кои го притискаат да не го напушти Парискиот договор за глобалната клима.

Повеќе: Советникот на Трамп: „Доналд дојде да учи и да биде попаметен“

ЗЕМЈАТА НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ - Силен земјотрес регистриран утрово

Неколку умерени земјотреси се регистрирани од рано утринава до сега, и тоа како на Балканот и во Европа, така и низ целиот свет, покажуваат информациите објавени на ЕМСЦ.

Повеќе: ЗЕМЈАТА НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ - Силен земјотрес регистриран утрово

Предмалку соопштена тажна вест - почина познатиот политичар

Советникот за национална безбедност на поранешниот американски претседател Џими Картер, Збигњев Бжежински почина вчера, на возраст од 89 години. Информацијата за неговата смрт ја пренесе синоќа, преку социјалните мрежи, неговата ќерка, телевизиска водителка во Ем-Ес-Ен-Би-Си, Мика Бжежински, нарекувајќи го најинспиративниот, најсакан и најпредан татко, што би можела да има една девојка.

Повеќе: Предмалку соопштена тажна вест - почина познатиот политичар

ДРАМА НА НЕБОТО: Кинески ловци пресретнале американски авион

Два кинески борбени авиони се нашле во близина на американски авион за набљудување во близина на кинескиот брег, јавуваат светските медиуми.

Повеќе: ДРАМА НА НЕБОТО: Кинески ловци пресретнале американски авион

Британската полиција уапсила голем дел од терористичката мрежа, која стои зад нападот во Манчестер

„Голем дел од терористичката мрежа која стои зад терористичкиот напад во Манчестер е уапсена во петокот„ изјави началникот на антитерористичката единица на британската полиција Марк Роули, пренесува AFP.

Повеќе: Британската полиција уапсила голем дел од терористичката мрежа, која стои зад нападот во Манчестер

Страница 8 од 428