Голема соларна бура се приближува кон Земјата

Американската океанска и атмосферска агенција(НОАА) објави дека кон Земјата се приближува соларна бура која се очекува до Земјината атмосфера да пристигне секој момент и да предизвика бројни проблеми.

 


Соларните бури се јавуваат заради ерупција на гас на површината на Сонцето, а високомагнетизираните честички(плазма) до Земјата стигаат со голема брзина. Ваквите бури го создаваат и еден од најубавите природни феномени, Аурора Бореалис, но исто така можат да направат пречки кај комуникациските и навигациските уреди, да ги оштетат сателитите па дури и да предизвикаат прекин во снабдувањето со електрична енергија. Имено, ако плазмата се судри со Земјата, може да предизвика геомагнетни бури. Тој ефект е посилен во близина на половите, каде што магнетното поле на Земјата е најслабо.

Во октомври дури и американскиот претседател Барак Обама предупреди на последиците што ги имаат соларните бури врз луѓето и нивното здравје.

Големите соларни бури се јавуваат секои 150 години, а последната се случила во 1859 година и е позната како „Карингтонов настан“ според британскиот астроном Дејвид Карингтон, кој ја забележал. Била толку моќна што ги попречила телеграфските машини на два континента, а поларната светлина се гледала и во Африка, Австралија, латинска Америка и САД.

Кога денеска двојно послаба бура би ја погодила Земјата, би настанала штета од 2,6 билиони долари само во САД.

НАСА процени дека шансите таква бура да се случи во периодот од 2012 до 2022 година се 12 отсто. 

Loading...