Полските лекари првпат трансплантираа рака на маж роден без екстремитет

Полските хирурзи успешно пресадија рака на пациент кој е роден без еден од екстремитетите, објави порталот на радиото Radio Wroclaw, при што се наведува дека ова е прв ваков зафат во светот.


„Првпат во светот е извршена трансплантација на горните екстремитети, која овозможува да се помогне на пациент со вроден недостиг од ваков вид“, изјави шефот на групата хирурзи од болницата при Медицинскиот универзитет во Вроцлав, Адам Доманасевич.

Пациентот, на 32-годишна возраст, од раѓањето бил без рака. Нему му е пресаден екстремитет од мртов донор. Според Доманасевич, таквите операции претходно се направени само кај новородени сијамски близнаци во Индонезија и во Канада, каде што рацете биле пресадувани на пациентите чиишто екстремитети биле ампутирани.

Засега пациентот може да мрда само со прстите, но лекарите се убедени оти со текот на времето целата рака ќе биде подвижна.

„Ова претставува важен чекор во неврофизиологијата и во трансплантациските практики, бидејќи досега се сметаше дека таквото пресадување не може да биде од полза при недостатоци од раѓањето“, нагласува хирургот.

Лекарите истакнуваат и дека успехот на овој оперативен зафат ќе им да деде надежи на многу луѓе родени без некој од екстремитетите.

спонзориран линк:
Loading...