Животна борба на славниот глумец: Тежок е само 40 килограми

Пријателите на познатиот актер Вал Килмер, кој на 31.декември треба да го прослави 57-от роденден, тврдат дека тој е тешко болен, пишува Radar Online

 


Иако Килмер, неодамна ги демантираше изјавите на својот пријател Мајкл Даглас дека има канцер на грлото, неговите пријатели тврдат дека неговата здравствена состојба не е оптимистична.

„Се обидува да не увери дека е се во ред со него, но на сите ни е јасно дека тоа не е вистината. Состојбата му се влошува“, тврди неименуван извор за Radar Online.

Додека Килмер се обидува да се дистанцира од јавноста, неговата мајка тврди дека наместо со медицина тој се лекува со молитви.

Глумецот последен пат е фотографиран на 9.декември, на снимањето на неговиот најнов филм „Citizen Twain“, а многумина коментираа дека неговата состојба е шокатнта. Наводно тој бил тежок само 40 килограми.

Фотографиите ги коментирал и лекарот Стјуарт Фишер:„изгледа дека е тешко болен, а се чини дека има оток на денста страна на вратот. Не изгледа добро“, рекол докторот.

/извор:Макфакс

 

спонзориран линк:
Loading...