Произведувачот на iPhone луѓето ќе ги замени со роботи

Иако овие денови во главно се дебатираше дали Apple ќе бидат во можност да ги убеди компаниите кои за нив ги произведуваат iPhone телефоните да се преселат во САД, се случува и нешто сосема друго.



Роботите сé повеќе ги преземаат автоматските процеси во фабриките, бидејќи тие се многу поевтини како работна сила.

„Foxconn“, компанијата која го произведува iPhone телефоните за Apple, претстави план во три фази со кој ќе ги замени сите човечки работници со роботи. Даи Џија Пенг, менаџер во „Foxconn“ изјави дека компанијата навистина работи на овој план и дека откако ќе биде спроведен, сите работници ќе бидат заменети со роботи.

Првата фаза ќе се состои од замена на човечките работници во фабриките со роботи и индивидуални работни станици. Овие роботи првично ќе ги вршат задачите кои се премногу опасни за луѓето или само ќе ги преземат работите кои човечките работници едноставно не сакаат да работат.

Во втората фаза роботите постепено ќе го преземаат целото производство, а кога тоа ќе се заврши, третата фаза ќе вклучи задржување само минимален број луѓе за надзор, инспекција и тестирање.

Даи напомена дека фабриките на Faxconn во Ченгду, Шенжен и Женгжу веќе стигна до втората и третата фаза./извор:Макфакс

Loading...