БОЖИЌЕН ПОЗДРАВ ОД СОНЦЕТО: Забележан вонземски брод со големина на Земјата?!

НЛО ентузијастите се погрижија и на овогодинешниот Божиќ да имаме еден мистериозен објект во Сончевиот систем, поточно непосредно блиску до Сонцето.

 

За Божиќ да не помине без вонземски посетители се погрижи Скот Варинг, уредник на порталот UFO Sightings Daily, кој на фотографија од Сонцето, снимена со сателит, откри огромен објект кој се одвојува од површината на Сонцето. Посебно е интересно што објектот е со правилен, поточно триаголен облик.

Исто така, судејќи по фотографијата, станува збор за огромен објект, со големина на Земјата. Тука почнуваат претпоставките на Варинг дека се работи за вонземјани.



Loading...