Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Израелската компанија Urban Aeronautics по 15 години работа на развивање на летечки автомобил верува дека беспилотното летало кое ќе тежи еден и пол тон ќе се најде на пазарот до 2020 година.



Летечкиот автомобил “корморан” ќе може да носи 500 килограми и да достигне брзина од 185 километри на час.

“Корморан” својот прв самостоен, автоматски лет го имаше во ноември 2016 година. Се проценува дека неговата вредност ќе биде 14 милиони долари.

Од компанијата Urban Аeronautics веруваат дека темнозелениот дрон кој користи внартешни ротори наместо хеликоптерски пропелери, би можел да служи за евакуација на луѓе од непријателска средина и ќе овозможи безбеден пристап до воените сили./извор:Макфакс

Loading...

JW Player
JT Fixed Display