НАСА: Мистериозен објект се движи кон Земјата

Следниот месец во близина на Земјата ќе прелета многу необичен објект - неговите карактеристики се толку чудни што ниту најголемите експерти на НАСА не знаат за што станува збор.

 

Објектот наречен 2016 WF9 е забележан во ноември минатата година. Научниците веруваат дека објектот широк еден километар, најблиску до Земјата, на далечина од 51 милион километри, ќе се најде на 25 февруари.

2016 WF9 прилично ги збуни научниците кои немаат одговор на прашањето дали станува збор за комета, астероид или нешто трето.

2016 WF9 е темен и нема рефлексија, што е одлика на кометите, но нема ни карактеристична прашина и облак од гас кој ги дефинира кометите.

спонзориран линк:

(adverts)