ИСТОРИСКИ НАСТАН: Ова е Нокиа 6, прв пат со Андроид (ВИДЕО)

Кинеската компанија HMD Global, која ги откупи правата за користење на името Нокиа за своја линија мобилни телефони, најави нов производ.

 

Тоа е Нокиа 6, уред со метално куќиште со 5,5 инчен екран и 2,5D стакло.

Нокиа 6 е опремена со читач за отпечатоци, осумјадрен процесор и 4 GB работна меморија.

Уредот ќе ги задоволи и љубителите на музика бидејќи е опремен со стерео звучници, и Dolby Atmos технологија.

Освен тоа, телефонот може да се пофали и со главна камера од 16 мегапиксели. Нокиа 6 работи на оперативен систем Android 7.0.

Телефонот првично ќе биде понуден само на кинескиот пазар по цена од 250 долари, а не е познато кога ќе стигне на останатите пазари.

Loading...

JW Player
JT Fixed Display