Фејсбук воведува НОВА ПРОМЕНА која нема да ви се допадне!

Компанијата Фејсбук планира да оствари дополнителна заработка со вклучување на реклами во видео содржините.

 

Корисниците на Фејсбук секој ден гледаат 100 милиони часа видео содржина, а на оваа социјална мрежа во рамки на видео-снимките во иднина ќе гледаат и реклами.

Компанијата планира воведување нов формат кој на огласувачите ќе им овозможи да вметнат реклами во видео снимките кои корисниците ги гледаат најмалку 20 секунди.

Според информациите, нема да бидат воведени реклами кои почнуваат пред да започне видеото.

Фејсбук засега на огласувачите ќе им дава 55 отсто од заработката, што е ист процент кој го нуди и Јутјуб.

Тестирањето на оваа опција би требало да започне наскоро.

спонзориран линк:
Loading...