Оне.Вип излезе со важно соопштение за корисниците

Известувањето кое беше испратено до медиумите Ви го пренесуваме во целост.

Постапувајќи по одлуката на Агенцијата за Електронски комуникации со која не е продолжено правото за користење на одредени радиофреквенции потребни за обезбедување на мобилните услуги на оне.Вип, би сакале да ве известиме дека оне.Вип ќе изведува вонредни технички зафати на мобилната мрежа во регионот на Пелагонија и градовите Охрид, Струга, Ресен, Прилеп, Битола, Крушево и Дебар и тоа во периодот помеѓу 26.02.2017 и 27.02.2017г.

Во овој период корисниците кои користат постари СИМ картички со брендот ONE ќе бидат префрлени на новата мрежа на Вип со помош на национален роаминг при што овие корисници можно е да почувствуваат потешкотии во користењето на мобилните услуги.

Доколку овие корисници забележат евентуални потешкотии во користењето на мобилните услуги, на веб страницата на Вип https://www.vip.mk/izvestuvanje е достапно упатство за подесување на нивните мобилни телефони.

Корисниците кои и понатаму имаат потешкотии потребно е да ја заменат СИМ картичката во најблискиот Вип продажен центар со нова Vip СИМ картичка. Замената на СИМ картичката е бесплатна.

Благодариме на сите корисници за нивното разбирање и трпение, се вели во соопштението од ОНЕ.Вип

спонзориран линк:
Loading...