Вибер трикови кои ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Доколку користите Вибер, добро е да знаете дека постојат некои трикови кои може да ви бидат од корист.

 

Еден од нив секако е можноста да сокриете дека сте биле на мрежата. Тоа можете да го подесите доколку влезете во подесувања, па во приватност и таму го исклучите статусот на мрежата. На тој начин никој нема да може да знае кога сте на мрежата, а кога не сте.

Некогаш едноставно не сакате да одговорите на порака, но оној кој ви ја испратил има увид дека сте ја виделе па тоа ве загрижува. Постои можност да го сокриете статусот за прегледување на пораките. Влезете во подесувања, избрете ја опцијата известувања и отстранете ја опцијата прикажи преглед на пораки.

Поради своја безбедност и приватност добро е да ја отстраните профилната за непознати корисници. Тоа можете да го направите ако влезете во подесувања, приватност и ја отстраните опцијата прикажи ја својата слика. Сега, корисниците кои не се на вашата листа на пријатели, нема да можат да ја видат вашата фотографија.

спонзориран линк:
Loading...