SpaceX ќе испрати двајца вселенски туристи на круг околу Месечината во 2018-та

Приватната американска вселенска компанија „SpaceX“ планира да испрати двајца туристи на лет околу Месечина во текот на идната 2018 година, соопштија од компанијата.

 

„Задоволни сме што можеме да објавиме дека две приватни лица преговараа со SpaceX за патување околу Месечината кон крајот на следната година. Тие веќе дадоа значителен придонес, со цел да се оствари летот кон Месечината“, се наведува во соопштението.

Според тврдењето на „SpaceX“, има и други заинтересирани за ваквите летови. Притоа не е прецизирана сумата којашто треба да ја издвојат пионерите во вселенскиот туризам.

Во октомври 2016 година во Мексико, претприемачот и сопственик на компанијата „SpaceX“, Илон Макс, изјави дека следните години планира да испрати луѓе на Марс, меѓу другото, зборувајќи дека човештвото треба да се подготви за создавање колонии на другите планети за да го избегне исчезнувањето и да стане интергалактички вид.

Во неговите планови е изградба на „град“ од милион жители на Марс, и организација на „самоодржливи“ експедиции на Црвената планета со милиони „марсонаути“. Пресметките на Маск покажувале дека тоа патешествие би траело две години, а се надева дека билетот во еден правец би чинел од 100 до 200 илјади долари.

Неговата компанија „SpaceX“ веќе ги изведе првите тестови на ракетните мотори „Raptor“, кои се планира да се користат за мисиите на Марс од 2024 година.

Клучниот логистички проблем е доставувањето на храна и вода во космосот за исхрана на астронаутите во текот на месеците или години, колку што ќе траат мисиите во длабоката Вселена./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display