Создаден првиот вештачки „ембрион“ на глушец од матични клетки

Научниците во Велика Британија успеале да создадат структура слична на ембрион на глушец користејќи се со 3Д модел и два типа матични клетки, а нивното откритие би требало да помогне во сфаќањето на најраните стадиуми во развојот на цицачите, според статијата објавена во научното списание Science.

 

 

Научниците од Универзитетот во Кембриџ појаснуваат дека вештачкиот ембрион е многу сличен на стварниот, но не е изгледно дека би можел да се развие во здрав фетус на глушец. Меѓутоа, со своето откритие покажале дека вештачкиот ембрион го следи моделот на развојот, како и нормалниот ембрион, бидејќи на ист начин се организираат матичните клетки.

Водачот на проектот Магдалена Зерниска-Гетц, професорка на Одделот за физиологија, развој и невронаука на Кембриџ, вели дека се успехот со клетките од глувците би требало да го отвори патот за слична работа со човечки матични клетки.

Тоа, од своја страна, пак, на научниците би им овозможило да го премостат недостигот од човечки ембриони, а всушност тоа е главната пречка во истражувањето на човековиот ембрион. Засега човечките ембриони коишто се користат во истражувањата се развиваат од вишокот донирани јајце клетки од клиниките за фертилитет,

„Можното користење на матичните клетки за изработка на вештачки хумани ембриони во научни цели, би можело да ни овозможи проучување на важните случувања во критична фаза од човековиот развој, а притоа да не треба да работиме на ембриони. Сознанието за тоа како нормално се развива ембрион би ни овозможило да разбереме зошто толку често работи тргнуваат на лошо“, појаснува Зерниска-Гетц.

Претходните обиди да се развијат структури слични на човечкиот ембрион не беа успешни. Тимот од Кембриџ смета дека причина за тоа е што при досегашните експерименти научниците користеле еден тип матични клетки, ембрионални матични клетки, наместо со комбинација, а во ова истражување биле користени ткн клетки ESC и екстаембрионали трофобластични матични клетки.

„И едните и другите почуваат да ‘разговараат’ и да се ‘организираат’ во структура којашто изгледа и се однесува како ембрион“, вели Зерниска-Гетц.

Работата на колегите од Кембриџ е силно поздравена во рецензиите на нивниот труд од страна на научници кои не учествувале во проектот. Така, др Душко Илиќ од Кралскиот колеџ во Лондон го нарекува ова откритие „ремек дело“ и „прекрасно конципирана и изведена студија којашто ја покажува меѓуиграта на различните клетки во различните клеточни оддели во првите денови од развојот на глушецот“.

Loading...