Астероид помина покрај Земјата 20 пати поблиску од Месечината

Астероид со 3 метри широчина поминал завчера покрај планетата Земја, 20 пати поблиску од Месечината.

 

Имено, како што пренесува Дејли Меил, астероидот 2017 ЕА бил забележан од страна на астрономите само шест часа пред пред неговиот најблизок пристап до Земјата, но тој поминал покрај неа безбедно.

Оваа година забележани се неколку вакви астероиди, но астрономите тврдат дека тие не претставуваат никаква опасност за планетата Земја и дека ваков облик на астероид веројатно нема да се појави во наредните сто години.

Loading...