ВО ЧЕСТ НА ПУТИН: Русите направија свој „3310“ (ВИДЕО)

Дека Русите не сакаат да заостануваат зад светот покажа и руската компанија „Кавијар“ која ја предизвика „Нокиа“.



Само што се врати во живот и на насловните страници Нокиа 3310 доби конкуренција. Споменатата руска компанија на пазарот исфрли сопствен модел во чест на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Овој модел е направен од титаниум и злато. На телефонот има слика од Путин и дел од руската химна. Текстот е пишуван со златни букви. На предната страна на телефонот стои рускиот грб кој е рачно изгравиран.

Телефонот се пакува во посебна кутија, а цената е 99.000 рубљи или околу 1.700 долари.

Loading...