Новина на Фејсбук која сигурно ќе ви се допадне!

Борбата против лажни вести на Фејсбук е една од најактуелните теми моментално, кога се зборува за силата на медиумите и нивното влијание.

 

Фејсбук уште пред неколку месеци тргна во активна кампања за намалување на значењето на измислените приказни кои кружат на таа социјална мрежа, намалувајќи го нивното влијание и отстранувајќи ја содржината која корисниците ќе ја пријават како лажна.

Сега воведува нова алатка за борба против ширењето дезинформации. Кога корисниците ќе пријават вест како лажна, алгоритмите на Фејсбук забележуваат, а таа ќе биде пријавена на партнери кои се занимаваат со проверка на вистинитоста.

Во случај експертите од барем две такви партнерски организации да потврдат дека веста е лажна, под неа, кога и да се појави на „News Feed“, ќе стои и предупредување „Disputed by …“.

спонзориран линк:
Loading...