Стив Џобс на своите деца никогаш не им дозволил да користат Ајпад, а причината за тоа е прилично застрашувачка!

Пред седум години основачот на Епл Стив Џобс застана на бина и претстави дотогаш невидена направа, Ајпад.

 

Го опиша како неверојатен уред кој ќе послужи како алатка во едукацијата, ќе им овозможи на луѓето да сурфаат на интернет, да гледаат видеа и да комуницираат со други луѓе. Накратко, Ајпадот го претставил како најдобриот уред дотогаш.

„Она што овој уред го прави е извонредно. Тоа е најдоброто искуство на користење интернет кое сте го имале. Феноменално е да видите цела веб страница на екран чувствителен на допир. Многу подобро од лаптоп. Многу подобро од паметен телефон“, рекол тој.

Две години подоцна новинарите го прашале: „Вашите деца сигурно многу го сакаат Ајпадот“, а неговиот одговор бил неочекуван.

„Всушност, во нашата куќа на децата не им дозволуваме да користат Ајпад. Сметаме дека е преопасен за нив“, рекол тогаш.

Причината поради која тој и сопругата ја донеле таа одлука била поради зависноста која Ајпадот може да ја создаде, особено поради тоа што буквално ја брише потребата да се излезе од дома и да се разговара со луѓе,  пишува Tech Insider.

Loading...