Куќи кои ќе ве воодушеват: Ги купувате во продавница, а вселиви се за 24 часа! (ВИДЕО)

Градежните иновации низ светот секојдневно не воодушевуваат и не поттикнуваат на размислување дали воопшто е можно да видиме такви градби. Но, дали некогаш сте слушнале за куќи кои се купуваат во продавница и се склопуваат во рок од 24 часа?

 

Руското архитектонско студио БИО Архитектс осмислило модуларен систем на куќи, кој е целосно функционален за вселување веднаш по склопувањето.

Ваквата куќа доаѓа со сите потребни приклучоци и инсталации, куќни апарати, намештај и изолација, а изградена е во целост од дрво.

Сепак, овие куќи се целосно изолирани и можат да ги поднесат и студените руски зими, а нивниот дизајн и лесното составување овозможуваат вселување во рок од 24 часа!

спонзориран линк:
Loading...