ТРЕНД КОЈ СЕ ШИРИ НИЗ РЕГИОНОТ: Што значи ако некој ви остави точка во коментар на Фејсбук?

Социјалните мрежи станаа толку сеприсутни во нашите животи што развиваат сопствен јазик.

 

Можеби некогаш сте забележале како некои оставаат точка во коментарите на Фејсбук? Верувале или не, тоа е многу корисна работа.

Овој начин на коментриање почна да се користи во големите групи на Фејсбук за да се привлече внимание на некој пост, без тој пост да се сподели.

Корисниците сфатиле дека коментирањето на некој пост го прави истиот повеќе видлив за поголем број корисници.

Тие, интуитивно, го сфатиле начинот на кој функционира алгоритмот на Фејбсук - и биле во право. Луѓето често не сакаат да споделат пост на непознат корисник кој бара стан или во парк го заборавил личниот документ, но сепак сакаат да му помогнат, па на иницијалниот пост коментираат со точка.

Со тоа помагаат постот да остане свеж и да им се прикажува на корисниците одново и одново.

Ако некој коментира со точка на вашиот пост, знајте дека сака да помогне постот да стане видлив за поголем број корисници, пишува Блиц.

спонзориран линк:
Loading...