Ајфон 7 е глобално најпродаваниот телефон оваа година

Kantar Worldpanel известува дека Ајфон 7, телефон на компанијата „Епл“, е најпродаван телефон во првите месеци од 2017 година. Извештајот сугерира дека уредот е пред конкуренцијата во повеќето региони, вклучувајќи ги и САД и Европа.

 

Пазарното учество на компанијата „Епл“ на петте најголеми пазари во Европа пораснало за 2,4 %, на вкупно 22,6 %. Компанијата најдобрите резултати ги постигна во Јапонија, каде држи 42,4 % од пазарот.

Покрај тоа што е на врвот кога се во прашање индивидуални телефони, Kantar известува дека „Епл“ е лидер и кога се работи за заработката. Оваа компанија остварува 5,4 пати поголема заработка од продажба на телефони отколку Самсунг.

спонзориран линк:
Loading...