Тихоокеанскиот „огнен прстен“ се активира: Подземни сили ги разбудија вулканите на Камчатка

Сеизмолозите во регионот на источниот дел на островот Камчатка, од четвртокот, регистрираа десетици земјотреси со различна сила, а последниот земјотерс беше во петокот наутро, со интензитет од 6,1 степен според Рихтер.

 

Инаку, претходно имаше земјотрес од 6,7 степени по Рихтер. Епицентарот беше во Тихиот Океан и првично руската сеизмолошка служба објави опасност од цунами, но потоа ја симна објавата.

Според научници, цитирани од РИА-Новости, хипоцентарот на последниот посилен земјотрес од 6,1 степен е на 40 километри длабочина, а земјотресот е почувствуван во две населени места и на скалата за сеизмички влијанија врз површината EMS-98, е окарактеризиран како од трет или- четврти степен.

До овој момент нема извештаи за штети и жртви, но локалните служби ги проверуваат зградите и инфраструктурата.

Обично премногу честата сеизмичка активност е придружена со активирање на вулканите, какви што има многу на Камчатка.

Таму има 30 активни вулкани, чии ерупции може да бидат придружени со празнења на големи количества на лава и пепел.

Годишно на полуостровот во активна фаза се помеѓу 2 до 5 вулкана. Камчатка е дел од т.н. тихоокеански “огнен прстен”.

Линијата на контакт помеѓу литосферните плочи околу Пацификот генерираат околу 90% од земјотресите во светот./извор:Макфакс

Loading...