Еве како изгледа животот во градот во кој WiFi, ТВ, радио и мобилни телефони се забранети (ГАЛЕРИЈА, ВИДЕА)

Во градот Грин Бенк кој се наоѓа во западна Вирџинија во САД забрането е користење на електроника. Ова градче во кое живеат 149 луѓе се наоѓа во зона слободна од радио бранови. Научниците го користат овој простор за проектирање на сателити и за испитување на вселената и поради тоа не смее во таа зона да има радио бранови произведени од електроника за домаќинства, за да не се мешаат сигналите, пишува Дејли Мејл.

Ова градче исто така е дом за најголемиот радио телескоп на далечинско управување за кој е потребна апсолутна радио тишина.

Со цел овој мега телескоп да работи без пречки, градските власти забранија користење на електронски направи кои емитуваат радио бранови. Дури и полициските единици патролираат по градот и бараат WiFi интернет сигнал, чие користење е прекршок во Грин Бенк.

Само на градските служби им е дозволено да користат радио сигнали и тоа само во случај на исклучителна опасност. За граѓаните е наменета една телефонска говорница во градот, но тие имаат и пристап на интернет, меѓутоа со dial up модем кој е произведен пред дваесетина години.

Иако овие рестрикции за повеќето модерни луѓе се многу страшни има и такви кои намерно се доселуваат во Грин Бенк за да побегнат од се'.

Многу од нив тврдат дека патат од болест која е предизвикана од електромагнетизмот и дека својот спас го нашле во ова градче. Оваа болест, инаку, не е призната во медицинската заедница.

- Животот овде не е перфектен. Нема продавници, ресторани, болници во близина. Но овде сум барем здрава и можам да работам разни работи и повеќе не ме боли главата, рекла една од жителките на овој мал град во западна Вирџинија.

web counter
web counter

 

Loading...

JT Fixed Display