Пронајдени нови планети во Сончевиот систем?

Астрономите од Националниот универзитет на Австралија пронашле четири објекти во Сончевиот систем, кои би можеле да бидат прогласени за планети.

 

Научниците имале помош од 60.000 доброволци од целиот свет, кои разгледувале фотографии на четири милиони објекти од вселената, во потрага по нови планети.

На тој начин биле откриени две нови џуџести планети, што значи дека истиот пристап би можел да доведе до откривање на мистериозната планета Девет.

Станува збор за хипотетичко небесно тело, сместено на работо од Сончевиот систем. Иако научниците никогаш не го виделе, на постоењето на планетата Девет укажуваат невообичаените гравитациски движења кој покажуваат дека такво нешто се наоѓа позади планетата Плутон.

Научницте со помош на моќни телескопи сега ќе се обидат да утврдат дали новопронајдените објекти навистина се планети, џуџести планети или се само астероиди./извор:Макфакс

Loading...