Еве како да откриете кој го следи секој ваш чекор на Фејсбук!

Фејсбук со својата најнова опција „Stories“ им овозможи на корисниците да дознаат кој ги следи на оваа социјална мрежа.

 

Имено, опцијата „Stories“, која пред некое време стигна и на Фејсбук апликацијата, им овозможува на корисниците да видат кој од нивните пријатели погледнал што тие објавиле, пишува Индепендент.

Споменатата опција Фејсбук првично ја интегрираше на Инстаграм и Месинџер, а дури потоа во главната апликација.

На сите споменати платформи таа функционира исто. Корисниците објавуваат фотографии и снимки кои нивните пријатели можат да ги погледнат, а кои ќе исчезнат по 24 часа. Исто така, во секој момент можно е да го видите бројот на пријатели кои ја прегледале вашата „story“ фотографија, како и нивните имиња.

Loading...