Хелсиншки комитет промовираше две поинакви видео игри

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија организираше настан за промоција на две видео игри.

 

Целта на неделната промоција на игрите, е покренување на свесноста кај младите за проблемите и потребите на лицата во инвалидски колички, како и потребата за разбирање на различностите и поттикнување на меѓуетничката толеранција.

„Задачата на играчот во првата видео игра чие име е Helping Hand, е да му помогне на избраниот херој во инвалидска количка, кој може да биде момче или девојче, непречно да се движи низ околината и во училиштето. Во втората игра чие име е The Little Scouts, прикажани се седум дечиња од различна етничка припадност извидници кои заеднички треба да поминат една вечер во камп во шума. Играчот преку игра ја запознава културата на другите етникуми кои живеат на територијата на Република Македонија и учи дека сите треба заеднички да придонесуваат и меѓусебно да се дружат. Играта е достапна на осум јазици, односно македонски, албански, ромски, српски, босански, влашки, турски и англиски“, се вели во соопштението од Хелсиншки комитет.

Креирањето на видео игрите и нивната промоција преку овој настан се активности спроведени во рамките на проектот “Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности” поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Двете видео игри се достапни на Google Play Store. За да ги симнете игрите на Google Play Store доволно е во пребарувањето на впишете Macedonian Helsinki Committee, на кое пребарување двете игри Helping Hand и The Little Scouts, се првите две од листата.

На Apple Store и двете игри ќе бидат достапни во следниот период./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display