НАЈАГРЕСИВЕН ПОТЕГ ДОСЕГА: Фејсбук брише илијадници профили, а еве која е причината!

Фејсбук во Франција избришал 30.000 лажни профили во рамки на кампањата на таа социјална мрежа да поради притисокот на европските влади, спречи ширење на лажни вести, дезинформации и пропаганда.

 

Тоа досега е најагресивниот потег на Фејсбук кон профилите кои претставуваат кршење на одредбите за користење, а доаѓа за време на вжештената кампања за претседателските избори во Франција.

Фејсбук е под силен притисок од европските влади кои се закануваат со нови закони доколку Фејсбук набрзо не реагира и не тргне во борба против екстремистичката пропаганда или другите содржини кои претставуваат кршење на локалните закони.

Loading...