Лансирана капсулата Сојуз со екипаж (Видео)

Вселенската капсула Сојуз (Soyuz) денеска беше лансирана од космодромот во Казахкстан. Капсулата ќе однесе двајца астронаути, Американец и Русин, на Меѓународната вселенска станица.

 

Астонаутите Џек Фишер и Фјодор Јурчихин полетаа од космодромот Бајконур рано попладне по локално време и пристигнаа во орбитата девет минути подоцна.

Патувањето до вселенската станица ќе трае шест часа.

Јурчихин е искусен космонаут, додека на Фишер ова му е прво патување во вселената.

Тие ќе ѝ се придружат на тричлената посада на станицата под команда на Американката Пеги Витсон (57), која е најстара жена во вселената. Со неа се Русинот Олег Новицки и Французинот Томас Песке./извор:Макфакс

Loading...