НАСА никогаш не била толку загрижена: На Месечината се случи нешто УЖАСНО, човештвото има причини за СТРАВ!

Метеор со експлозивна сила од десет крстосувачки ракети удрил во Месечината и предизвикал толку голема екпслозија што можела да се види и со голо око.

 

Работата да биде уште пострашна, застрашувачкиот удар од 90.000 километри на час кој го забележале научниците на НАСО, предупредува на катастрофалната опасност од слични метеори со кои се соочува Земјата. Вселенскиот камен кој удрил во Месечината не бил потежок од 40 килограми.

Иако овој метеор е со мали димензии, штетата од ударот била огромна и предизвикала експлозија и силна светлина. Да паднел на град на Земјата, би направил кратер длабок 20 метри и зона на уништување, а јачината на ударот би била како одеднаш да удриле 10 крстосувачки ракети „томахавк“.

Експерите стравуваат дека бројот на жртви би се мерел со илијадници.

Земјата, за разлика од Месечината, има атмосфера која ја штити и во која согоруваат повеќето космички остатоци. Меѓутоа, поголеми метеори понекогаш се пробиваат, како што неодамна се случи во Чељабинск во Русија, каде астероид долг 20 метри со брзина од 70.000 километри на час ја проби атмосферата и експлодираше со сила како 33 експлозии во Хирошима.

За среќа, благодарение на брзината и аголот на влез, каменот експлодирал уште додека бил во воздух, но повторно оштетени беа 7.200 згради, а 1.500 луѓе беа повредени.

„Изминативе осум години НАСА ја набљудува Месечината и ги следи знаците на експлозии предизвикани од метеори“, изјавил портпаролот на  Science.com.

„Само што ја видовме најголемата експлозија откако постои оваа програма. Блесна десет пати посилно од било што претходно. Можеше да ја види секој кој гледаше во Месечината во моментот на ударот, не беше потребен телескоп“.

НАСА е толку загрижена поради можноста да удар од астероид го уништи животот на Земјата, што ја започна првата фаза од проектирање летало познато како DART (Double Asteroid Redirection Test), а чија цел е да го пренасочи патот на астероидот.

На тој проект НАСА соработува со ЕСА (Европската вселенска агенција).

Експерите се надеваат дека до 2022 ќе бидат изведени првите вселенски проби.

Loading...