НАУЧНИЦИТЕ СО ШОКАНТНА ИЗЈАВА: Раѓањето деца е најдеструктивната работа која и ја правите на планетата!

Резултатите од најновата студија покажале дека емисијата на штетни гасови ќе биде далеку помала ако одлучиме да немаме деца.

 

Избегнувајте патување со авион, не возете се со автомобил, јадете помалку месо и одлучете се за помало семејство - тоа е она што ќе ја спаси планетата.

Рециклирањето, перењето алишта на 30 степени и штедењето на енергија се најдобри начини да му помогнеме на опкружувањето. Но, ако навистина сакате да ја сочувате планетата, студијата сугерира дека не би требало да се размножуваме онака како што тоа сега го правиме.

Истражувачите наведуваат дека донесувањето нов живот на светот е „најдеструктивната работа која можете да му ја направите на опкружувањето“.

На тој начин би се намалила емисијата штетни гасови по лице за дури 58,6 тони јаглен-диоксид секоја година.

Тимот од Универзитетот Лунд во Шведска наведува дека постојат четири избори кои луѓето можат да ги направат како би го намалиле загадувањето, а тоа се да јадат помалку месо, да се решат од автомобилите, да не користат авио-сообраќај и да се одлучат за помало семејство.

Loading...