Научниците не можат да си поверуваат: Она што Русија го ланисра во вселената е навистина чудно!

Руска ракета Сојуз во орбитата успешно го лансирала контроверзниот нов сателит, кој во наредните денови ќе стане една од четирите најјасни точки на небото.

 

Сателитот „Мајак“ на компанијата Роскосмос е развиен на Универзитетот за механички инжинеринг во Москва, а 30.000 долари за финансирање на проектот се собрани преку вебсајтот за јавни донации Boomstarter.

Иако „Мајак“ е со големина на векна леб, во моментот кога ќе достигне висина од 600 километри, тој го отвара големото пирамидално едро направено од фолија дизајнирана да ја рефлектира светлината на Сонцето. Фолијата ќе се простира на површина од 16 метри квадратни.

Целта на мисијата, како што е соопштено, е да се инспирираат луѓето да го проучуваат космосот и да гледаат во небото, но и да се тестира технологија за следење на сателитот - со помош на апликација на мобилен телефон, научниците во секој момент ќе знаат каде точно се наоѓа сателитот.

Сателитот во орбиатата ќе биде најмалку месец дена, но постои можност поради непредвидени услови на оваа висина, процесот на распаѓање да не оди по планот и сателитот да остане активен неколку месеци подолго.

Според пресметките на Роскосмос, Мајак би требало да свети послабо единствено од Сонцето и од Месечината, иако научниците тврдат дека ќе свети послабо и од „ѕвезда Даница“.

Астрономите ширум светот се исклучително загрижени не само од тоа што „Мајак“ со својата светлина ќе ги попречува астрономските набљудувања, туку и дека може да влијае на видливоста на сателитите кои ги следат временските и другите атмосферски прилики.

Loading...