Хакирал туѓ Фејсбук профил на најлесен можен начин и целата постапка ја споделил на интернет!

Хакирањето Фејсбук профил излгледа воопшто не е тешко како што звучи. Барем така тврди Џејмс Мартиндале во текст за порталот „Медиоум“, а сè што му требало за тоа е телефонски број.

 

Ако ја заборавите лозинката, Фејсбук ви дозволува да го искористите телефонскиот број како би ви овозможил пристап до профилот. Значи, ако еден хакер се одлучи да го искористи вашиот стар телефонски број, тој може кога и да посака да ви влегува на вашиот профил.

Тоа, секако, може да се случи само во случај да сте го смениле телефонскиот број, а стариот ви останал во приватните информации на профилот. Како што пишува Џејмс Мартиндале, Фејсбук постојано бара да го поврзете телефонскиот број со профилот, но никогаш не ве потсетува да ги избришите старите информации од профилот.

Џејмс го испробал овој трик и успеал да упадне во некои профили.

Што направил? Купил нова сим картица и ја ставил во телефонот.

- Бев љубопитен. Знаев дека Фејсбук веднаш го пронаоѓа профилот кој се поврзува за тој број. Секако тоа беше туѓ профил - рекол и додал дека веднаш се обидел дали може да ја промени лозинката на профилот на лицето кое некогаш го користело тој број. Било прелесно и во тоа успеал.

Како што истакнува, истиот метод може да им олесни на хакерите во упаѓање на туѓи профили и препродажба на истите на црн пазар, но и уценување на корисниците за пари, па овој текст го објавил како апел до сите корисници да ги избришат старите и непотребни информации од своите профили.

Loading...