На WhatsApp комуницираат милијарда луѓе секој ден

Според најновите мерења на активноста на социјалните мрежи, WhatsApp и Messenger (кои се во сопственост на Facebook) веќе имаат преку милијарда активни корисници и се далеку од најкористените апликации за испраќање пораки во светот. Сега WhatsApp пројде уште една граница, од 26-ти мај оваа апликација има дури милијарда активни корисници секој ден.

 

Во еден ден, овие повеќе од една милијарда корисници испраќаат 55 милијарди пораки, 4,5 милијарди слики и една милијарда видео записи.Според месечната статистика, WhatsApp моментално има околу 1,3 милијарди корисници кои апликацијата ја користат најмалку еднаш месечно./извор:Макфакс

фото: Макфакс

Loading...