ТЕМНИНА ЌЕ ГО ПРЕКРИЕ ДЕНОТ: На 21 август Сонцето целосно ќе исчезне, а еве за што се работи...

За помалку од месец дена, на 21 август, Сонцето ќе исчезне, но само ширум Соединетите Американски Држави.

 

Од Орегон до Јужна Каролина, жителите ќе имаат чувство како да паднала ноќ среде ден.

14 држави во период од две минути ќе искусат голема темнина поради затемнување на сонцето. Делумно помрачување ќе се гледа и во делови на Јужна Америка, Африка, Европа и Азија.

Во САД и тоа како се подготвуваат за овој „спектакл“ бидејќи поминаа 99 години од последното (американско) целосно помрачување на Сонцето, од Пацификот до Атлантикот.

Надлежните служби планираат детално да го регулираат сообраќајот, а ширум земјата ќе бидат обезбедени безбедни места за набљудување на оваа астрономска појава.

- Никогаш претходно ваквата појава не била набљудувана од толку точки, од вселената, од воздух и од земја, рекол Томас Зурбушен од НАСА.

Loading...