АЛАРМАНТНИ РЕЗУЛТАТИ: До 2100 година растот на глобалните температури ќе биде...

Глобалните температури веројатно ќе бидат зголемени за повеќе од два степени Целзиусови до крајот на овој век, покажаа новите истражувања.

 

Тој загрижувачки заклучок после две истражувања спроведени со различни методи објавен е во магазинот „Нејчер клајмат чејнџ“ (Nature Climate Change).

Едно од тие две истражувања покажало дека шансите за пораст на температурите од два степени се 95 отсто, пренесе Си-Ен-Ен.

Според резултатите од второто истражување, Земјата би продолжила да се загреава и температурата би била зголемена за два степени до 2100 година дури и ако луѓето престанат да користат фосилни горива.

- Дури и кога би престанале да користиме фосилни горива, Земјата би продолжила полека да се загреава, рекол авторот на второто истражување Торстен Маурикен.

Двете истражувања се спроведени пред американскиот претседател Доналд Трамп да соопшти дека САД се повлекува од Парискиот договор.

Во Париз во декември 2015 година постигнат е договор кој предвидува ограничување на растот на температурите во светот под два степени Целзиусови, со можност за ограничување на растот и на 1,5 степени.

Loading...