ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО НА ИДНИНАТА: Капсула со брзина од 309 км/ч ќе пренесува патници! (ВИДЕО)

Цевката Хајперлуп 1 (Hyperloop One), превозно средство на иднината, е тестирана за прв пат во пустина во Невада, а капсулата која еден ден веројатно ќе превезува луѓе на голема оддалеченост, достигнала брзина од 309 км/ч за само пет секунди.

 

Капсулата долга 8,5 метри со помош на струја генерирала 3.000 коњски сили, патувајќи долж 488 метри долгата цевка.

Од Хајперлуп велат дека сè функционирало како што треба во втората фаза од тестирањата.

Како би се намалило триењето, воздушниот притисок во цевката бил спуштен на оној каков што владее на висина од 60.000 метри.

Иако тестирањето поминало како што треба, претстојат уште многу чекори во усовршувањето на овој систем, како би станало превозно средство на иднината.

Loading...