Температурите ќе пораснат за неколку степени: Не ни се пишува добро!

Драстичен скок на температурите се очекува уште овој век, а тоа ќе има драстични последици на условите за живот - големи суши и зголемување на нивото на морињата, смета водечкиот автор на студијата.

 

Светските температури веројатно ќе пораснат за повеќе од 2 степени Целзиусови уште овој век и ќе ја преминат горната граница на затоплување предвидена со целите на глобалниот климатски договор, рекле научници во понеделникот.

Истражувањето објавено во магазинот „Климатски промени“ покажува веројатност од 90 отсто дека температурите ќе пораснат во текот на овој век за 2 до 4,9 степени Целзиусови.

Научниците на вашингтонскиот Универзитет утврдиле дека постојат само 5 отсто шанси дека загревањето ќе биде 2 степени Целзиусови или помалку од тоа - што е една од целите поставени на климатскиот договор 2015 за намалување на стакленичките гасови со кои се загрева планетата.

Неисполнувањето на таа цел би имало драматични последици по животните услови - големи суши и зголемување на нивото на морињата, рекол Адриан Рафтери, водечки автор на студијата и професор на вашингтонскиот Универзитет.

Loading...