НОВИНА НА ФЕЈСБУК: Ова сигурно ќе ви се допадне

Корисниците на Фејсбук наскоро на своите профили ќе забележат нов таб „Watch“, преку кој ќе можат да пристапат до голем број емисии, а продукцијата на некои од нив ќе ја финансира Фејсбук.

 

Гледањето ќе биде пероснализирано, па корисниците ќе можат да откриваат нови програми на основа на она што нивните пријатели го гледаат.

Корисниците ќе можат да коментираат и да разменуваат мислења за одредени програми во рамки на групи посветени на програмите.

- Гледањето на емисии не мора да биде пасивно, напишал основачот на Фејсбук Марк Закерберг во својот пост.

Фејсбук платформата веќе подолго време има поддршка за видео содржини, но меѓу нив воглавно доминираат аматерски снимки.

„Watch“ би можел да претставува нов потенцијал за создавање приходи како за Фејсбук, така и за креаторите на емисиите, додека корисниците ќе можат да очекуваат прикажување на „таргетирани“ реклами пред и за време на емитувањето на програмата.

Loading...