Виното е најдобар лек за воспалено грло, треска, кашлица и затнат нос

Најдобриот лек за воспалено грло, треска, кашлица и затнат нос се крие во вашите залихи вино, тврди новата студија.
Истражувањето кое го спровеле научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон открило соединение кое се наоѓа во намирниците како што се црвено вино, црн чај и боровници кое може да помогне во борбата против инфекции и во превенција на грип.

Истражувањето е спроведено врз глувци, а истражувачите објасниле дека флавоноидите пронајдени во тие намирници во соработка со одредени микроорганизми во цревата создале метаболит кој го зајакнува имунолошкиот систем. Како резултат на тоа, симптомите на грип се намалуваат, а опоравувањето се забрзува.

„Со години се смета дека флавоноидите имаат заштитни својства кои помагаат во регулирање на имунолошкиот систем во борбата против инфекции. Очигледно мораме да научиме повеќе, но резултатите кои ги добивме се интригантни“, рекла авторката на студијата Ешли Стид.

Пред да посегнете по шише вино, истражувачите напоменуваат дека потребно истражувањето да се спроведе на луѓе.
Loading...