ВАРУКЛИМ - ЗА КЛИМАТЕРИЧНИ ТЕГОБИ

Менопауза е времето кога доаѓа до последното менструално крвавење, а причината е циклично делување на хормоналните јајници на слузокожната материца ( ендометријум ).

 

Во нашето географско подрачје, вообичаен период од животот вој настанува Менопауза е помеѓу 48 и 51 година. Многу се ретки оние личности кај кои редовните менструални циклуси траат и до шеесетите години од животот. За жал, поради влијанието на различни фактори во околината, тешки болести, операции, стресни ситуации и влијанието на некои лекови - функцијата на јајникот може да престане и пред 40-тата година од животот. Во овој случај говориме за рана менопуза.

Природно настаната менопауза може да се докаже и ретроспективно, на основ на податоци добиени од жената односно последната година да немало менструален циклус или порано на основ на хормоснки статус ( одредување на хормоните од крвта ).

За време на животниот циклус на жената, два периода карактеризираат значајни промени на хормоните, кои карактеризираат нормален сексуален развој и постигнување на секундарните сексуални карактиреситики кои ја одлукуваат самата жена. Тие се пубертет, кој го означува развојот на половите сфери и припремање на периодот кој следи по 16-тата година од животот, и престаноткот на таканаречениот репродуктивен период односно менопаузата, кога престанува можноста за раѓање и настануваат промени кои водат кон староста.

Менопаузен синдром преставува спој на симптоми и знаци во менопаузата кои се последица на пореметување на рамнотежата на хормоните, а може да трае од неколку месеци па до неколку години.

Перименопауза е период од 3 до 5 години пред менопаузата, во кој доаѓа до промена на односот на обилноста , траење и чести менструални циклуси, појава на препотување и несоници, но периодите на менопауза не траат повеќе од 3 месеци.

По дефиниција овој поим подразбира тоа дека овој временски период е ограничен на година дена од последната редовна менструација. Меѓутоа ако бројните симптоми на менопаузен синдром не престануваат и по една година од последната менструација, се поставува прашањето дали симптомите се оправдани и издржани.

Климактериум е термин кој се однесува на инволуентниот период кој опфаќа 5 години пред и по менопаузата, а го означува времето во кое долготраен недостаток на женскиот хормон естрагон, води до антрофија на кожата, намалена цврстина на коските -остеопороза, како и склоност кон болести на срцето и мозокот, што секако е можно да доведе до инфаркт на овие органи. Во врска со горе наведеното, климактериумот трае 5-10 години, а го опфаќа периодот на перименопаузата, менопаузата, и постменопаузниот период.

За среќа за ублажување на постменструалните симптоми (разни менструални пореметувања) постои потполно природен хербален лек во форма на таблети и чај ВАРУКЛИМ, кој е создаден на 100% природна база.

И тоа :

 

Varuklim® таблети 

Активност:

Ублажување на менопаузалните симптоми.

Дејството на Varuklim® таблетите се должи на присуството на изофлавоните - модулатори на нивото на естрогени хормони. Заради ваквото модулирачко дејство, изофлавоните се познати и како фитоестрогени. Кога нивото на естрогени е ниско, рецепторските места може да бидат зафатени од фитоестрогените, со што се добива т.н. проестрогенски одговор. Кога нивото на естрогени е високо, фитоестрогените се натпреваруваат со естрогенот за зафаќање на дел од рецепторските места, со што го модулираат и дејството на превисокиот ендоген естроген.

Употреба:

Varuklim® таблетите се користат за ублажување на менопаузалните симптоми и разните менструали пореметувања; вршат намалување на напливите на топли и ладни бранови; го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и го намалуваат ризикот од развој на остеопороза кај жените во менопауза.

Состав:

Trifolii herba, Bursae pastoris herba, Leonuri herba, Visci herba, Calendulae flos, Hyperici herba

1 пакување содржи 50 таблети

Дозирање:

Најчесто се земаат по 2 таблети, 3 пати дневно со чаша вода.

 

 

 

Varumin® herbal хербален чај

 

Активност:

Зголемување на имунитет и антитуморно дејство.

Најзначајно дејство на Varumin® herbal хербалниот чај е имуностимулативното. Исто така покажува и антиинфламаторно, цитотоксично, диуретично и лаксантно дејство. Главните активни компоненти на билниот чај се полисахариди, флавоноиди, амини, танини, сапонини, кои се однесуваат како неспецифични имуностимулатори. После терапијата со Varumin® herbal билниот чај се зголемува неспецифичниот имун одговор, макрофагите и гранулоцитите се активираат и се зголемува фагоцитозата.

Употреба:

Varumin® herbal хербалниот чај се употребува како дополнителна терапија кај пациенти со малигни заболувања, ја подобрува општата состојба на организмот при исцрпеност, при акутни и хронични заболувања, состојби на намален имунитет и за заздравување на кожни лезии.

Состав:

Inulae radix, Calendulae flos, Cornus cortex, Milefolii herba, Cynodon rhizoma, Hyperici herba, Visci herba.

1 пакување содржи 100 g билен чај.

Дозирање:

Една супена лажица од чајната мешавина се прелева со 250 ml ладна вода. Се загрева до вриење и се остава да отстои 2 часа во покриен сад. Чајот се процедува и се пие незасладен, три пати на ден.

 

спонзориран линк:
Loading...