Руска академија на науки: Хомеопатијата е опасна по здравје

Руската академија на науки (RAS) хомеопатската медицина ја означи како опасна по здравје и побара од Министерството за здравство да ја забрани употребата на хомеопатски лекови во руските државни болници, јавуваат руските медиуми.

 

Комитетот на RAS утврдил дека некои пациенти ја отфрлаат стандардната медицина во корист на хомеопатските лекови, доведувајќи го својот живот во опсност, пренесува Moscow Times.

Комитетот, исто така, предупредил дека некои хомеопатски таблети без лиценца содржат токисчни материи.

„Принципите на хомеопататијата се косат со познатите хемиски, физички и биолошки закони. Не постојат веродостојни научни тестови кои би ја докажале нејзината ефикасност“, наведува комитетот на RAS.

Заклучокот на Руската академија на науки е дел од растечките критики против хомеопатската медицина во Русија, наведува весникот Moscow Times.

Студенти на Првиот московски државен медицински универзитет минатиот месец поднесоа петиција за забрана на изучување на хомеопатските принципи во медицинските школи.

Руската федерална царинска служба во ноември 2016 година воведе нови прописи, приморувајќи ги производителите да ја докажат делотворноста на секој хомеоптаски производ кои сакаат да го продаваат./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...